Турција утре ќе пречека тројца значајни високи функционери од САД, Болтон, Данфорд и Џефри

Утре на средби и разговори во Анкара ќе допатуваат Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, Болтон, началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд и специјалниот претставник за Сирија Џефери

1120194
Турција утре ќе пречека тројца значајни високи функционери од САД, Болтон, Данфорд и Џефри

Турција утре ќе пречека значајни високи функционери од САД.

Утре на средби и разговори во Анкара ќе допатуваат Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд и специјалниот претставник за Сирија Џејмс Џефри.

На средбите и разговорите кои што ќе траат два дена ќе стане збор за календарот во врска со повлекувањето на војниците на САД од Сирија и борбата која што ќе се води против тероистичката организација ДЕАШ.

На разговорите ќе бидат доставени до американската страна црвените линии на Турција.

Ќе биде нагласено дека повлекувањето не треба да им отвори простор на терористичките организации, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и на ДЕАШ.

Друга точка на дневниот ред на разговорите кои што ќе се одржат утре и задутре во Анкара ќе биде оружјето кое што од страна на САД и беше доделено на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Анкара ќе ја достави пораката дека ова доделено оружје треба што поскоро да се собере од рацете на оваа терористичка организација.

Освен тоа на средбите и разговорите ќе бидат разменети и мислења по прашањето на борбата што ќе се води против терористичката организација ДЕАШ.

Ќе се разговара за прашања како што се рутата која што турските војници ќе ја употребат внатре на територијата на,  Сирија, употребата на воздушниот простор, воздушната поддршка од коалицијата.

По прашањето на Менбич пак, ќе се даде пораката дека треба да се „применува патната карта“ со тоа што ќе им се придаде приторитет на повлекувањето на ЈПГ/ПКК од подрачјето и на воспоставувањето на безбедноста.

 



Слични вести