Од Калин до Болтон: Цел на Турција се терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, а не Курдите

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, тврдењето на Болтон околу тоа дека Турција ги зема за цел Курдите, го оцени за ирационално и напомена дека цел на Турција се сепаратистичко-терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ

1120196
Од Калин до Болтон: Цел на Турција се терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, а не Курдите

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, објави писмено соопштение во кое направи проценка на последните изјави на Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, кој ќе ја предводи високата делегација од САД која утре ќе допатува на средби и разговори во Анкара.

Калин, тврдењето на Болтон околу тоа дека Турција ги зема за цел Курдите, го оцени за ирационално и напомена дека цел на Турција се сепаратистичко-терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.

Тој рече: „Да се наведува дека една терористичка организација ги претставува Курдите, пред се претставува непочитување кон нашите курдски браќа.“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин рече: „Една од целите на Турција во нејзината борба што ја води против ПКК и нејзините продолжетоци (ЈПГГ/ПЈД) во Сирија е да ги спаси Курдите од зулумот (суровоста) и притисокот на оваа терористичка организација.“

Велејќи дека Турција ќе ги продолжи своите напори за решение во Сирија, Калин рече: „Турција со одлучност ќе ги продолжи своите напори за ставање крај на војната, воспоставување на безбедноста и имплементација на процесот за политичка транзиција во Сирија, без притоа да прави никаква верска, етничка или секташка разлика меѓу своите сириски браќа.“

Инаку, Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон претходно изјави дека неговата земја нема да се повлече од Сирија без претходно да се постигне договор во врска со одбраната на како што рече „курдските борци“, а мислејќи притоа на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК. 

 



Слични вести