Испраќањето на воена опрема на границата со Сирија продолжи и во текот на ноќта

Воениот конвој составен од 9 шлепери натоварени со хаубици и тенкови помина преку населеното место Кирикхан кај градот Хатај и се упати кон градот Килис

1120136
Испраќањето на воена опрема на границата со Сирија продолжи и во текот на ноќта

Продолжува воената испорака на границата со Сирија пред евентуалната воена операција на Турските вооружени сили (ТВС) на источниот дел на реката Еуфрат.

Испораката на воена опрема која што се реализира непрестано продолжи и во текот на ноќта.

Во градот Килис на самата граница беа испратени нови хаубици и тенкови од различни единици.

Воениот конвој составен од 9 шлепери помина преку населеното место Кирикхан кај градот Хатај и се упати кон градот Килис.



Слични вести