Ердоган: Турција продолжува да е безбедно пристаниште за меѓународните инвеститори

Претседателот Ердоган изјави вчера во градот Маниса дека Турција продолжува да е безбедно пристаниште за меѓународните инвеститори

1120086
Ердоган: Турција продолжува да е безбедно пристаниште за меѓународните инвеститори

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во градот Маниса свечено отвори две нови инвестиции на приватниот сектор со кои ќе се обезбеди вработување за 1.109 лица.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека Турција продолжува да е безбедно пристаниште за меѓународните инвеститори.

Велејќи дека износот на директните странски инвестиции во Турција за 16 години достигна до 202 милијарди долари, Ердоган истакна дека од овие инвестиции свој удел ќе добијат и градовите во југоисточна Анадолија.

Тој привлече внимание кон остварениот рекорден извоз во 2018 година во износ од 168 милијарди долари и соопшти дека целта за 2019 година е  да се оствари извоз во висина од 200 милијарди долари.

Потсетувајќи на сето она кое што го доживеа Турција во последните 5-6 години, Ердоган го критикуваше ставот на Европа пред слични тешкотии.

"Оние кои пред 5 години нас не покануваа кон демократија пред вандалите кои ги ограбуваа продавниците на нашите еснафи, стрелаа со куршуми врз нашите полицајци, фрлаа бомби, палеа и рушеа по улиците, денеска ги креваат на нозе сите пред настани од многу помали димензии." - рече Ердоган.

Велејќи дека Турција продолжува да е безбедно пристаниште за меѓународните инвеститори, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека Таа ќе го продолжи својот пат кон развојот без притоа да направи отстапка од демократијата, правната држава и слободната пазарна економија.

 



Слични вести