Украинската православна црква се стекна со автокефалност

Украинскиот претседател Петро Порошенко заедно со неговото семејство и со архиепископот на Украинската православна црква Епифаниј учествуваа на церемонијата на која Украинската православна црква се стекна со автокефалност

1119893
Украинската православна црква се стекна со автокефалност

Грчкиот патријарх во Фенер Бартоломеј денеска во Истанбул на церемонија на која присуствуваше и украинскиот претседател Петро Порошенко го врачи указот со кој што Украинската православна црква се стекна со автокефалност (самостојност, независност, автономност).

По тој повод украинскиот претседател Петро Порошенко заедно со неговото семејство и со архиепископот на Украинската православна црква Епифаниј дојдоа во Грчката патријаршија во Фенер во Истанбул. Порошенко и оние во негова придружба овде присуствуваа на литургијата што се одржа во патријаршијата. 

По литургијата, патријархот Бартоломеј му го врачи на архиепископот на Украинската православна црква Епифаниј указот наречен „Томос“ со кој Украинската православна црква се стекна со автокефалност.

Грчката патријаршија во Фенер на 11 октомври донесе одлука за прифаќање на барањето на Украинската православна црква за одделување од Руската православна црква во Москва, т.ј. за стекнување со автокефалност.

Во катедралата „Света Софија“ во главниот град на Украина Киев на 15 декември минатата година се одржа состанок на кој учествуваа претставници на Православната црква во склопот на Киевската патријаршија, независната Православна црква на Украина, и Православната црква во склопот на Московската патријаршија и притоа беше формирана новата обединета независна Православна црква на Украина.

Украинскиот претседател Петро Порошенко утре во Истанбул ќе присуствува и на церемонијата на фрлање во вода на крстот што ќе се одржи од страна на Грчката патријаршија во Фенер.



Слични вести