Ердоган: Турција во 2018 година оствари најголем извоз во историјата на Републиката

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во Измир истакна дека Турција во 2018 година оствари извоз во висина од 168,1 милијарди долари, што претставува најголем извоз во историјата на Републиката

1119898
Ердоган: Турција во 2018 година оствари најголем извоз во историјата на Републиката

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денес во градот Измир говореше на церемонијата на претставување на кандидатите на владејачката АК Партија за градоначалник на Измир и за претседатели на општини во овој град, на локалните избори закажани за 31 март оваа година.

Ердоган за градоначалник на Измир го истакна Нихат Зејбекчи, чие име беше соопштено порано и кој е поранешен министер за економија.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган се осврна на економијата и притоа потсети на историскиот успех што го постигнува Турција во извозот.

Велејќи дека е остварен годишен извоз од 168,1 милијарда долари што претставува најголем извоз во историјата на Републиката, Ердоган рече: „Во првите три четвртини на 2018 година остваривме раст од 4,5 отсто. Во вработувањето за 10 месеци во 2018 година остваривме раст од над 1 милион лица.“



Слични вести