Ердоган: Турција е задоволна од прогласувањето на ФЕТО за терористичка организација во Пакистан

Претседателот Ердоган и пакистанскиот премиер Имран Хан во претседателската палата во Бештепе во Анкара одржаа заедничка прес-конференција

1119582
Ердоган: Турција е задоволна од прогласувањето на ФЕТО за терористичка организација во Пакистан

На покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, пакистанскиот премиер Имран Хан допатува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган го прими пакистанскиот премиер Имран Хан во претседателската палата во Бештепе во Анкара.

По средбата лице во лице на одржаните разговори помеѓу делегациите на двете земји беше разговарано за односите помеѓу двете земји со сите нивни поединости.

Двајцата лидери, претседателот Ердоган и пакистанскиот премиер Имран Хан потоа одржаа и заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека тројниот самит меѓу Турција, Авганистан и Пакистан ќе се одржи во Истанбул по одржувањето на локалните избори на 31 март годинава.

Ердоган воедно подвлече дека е дочекана со задоволство одлуката на судот во Пакистан со која ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација) е прогласена за терористичка организација.

Во врска со предавањето на училиштата на ФЕТО на Фондацијата Маариф пак, претседателот Ердоган рече: "Верувам дека оваа солидарност ќе продолжи."

Велејќи дека по доаѓањето на пакистанскиот премиер Имран Хан на власт ја остварува својата прва посета на Турција, Ердоган го додаде следното: "По овој повод му честитам за постигнатиот успех на изборите. Тој воедно е вистински вљубеник во Мевлана. Посетата на господинот премиер на гробот на Хазрети Мевлана во Конја е показател за ова пријателство. Турција и Пакистан се две братски земји чии пријателски врски се вкоренети во историјата. Турција како досега, така и денес, и утре е, и ќе продолжи да биде покрај Пакистан."

Пакистанскиот премиер Имран Хан на одржаната заедничка прес-конференција истакна дека неговата земја и Турција ќе бидат уште поблиски една со друга.

"Се надевам дека самитот меѓу Пакистан, Авганистан и Турција ќе придонесе за мирот." - рече пакистанскиот премиер Имран Хан.



Слични вести