Во напад на терористите на ПКК кај градот Игдир животот го загуби еден турски војник

Терористичка група составена од 8 до 10 лица кои се префрлиле преку границата извршија напад врз командоски тим за специјални операции составен од 10 војници кои патролираа пешки во близина на селото Еминџе кај градот Игдир, на турско-иранската граница

1119190
Во напад на терористите на ПКК кај градот Игдир животот го загуби еден турски војник

Во извршен напад од страна на терористите. припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градот Игдир животот го загуби еден турски војник, а двајца војници беа ранети.

На пограничната линија со Иран во близина на селото Еминџе кај градот Игдир околу 02:30 часот според турско време терористичка група составена од 8 до 10 лица кои се префрлиле преку границата извршија напад со рачен минофрлач, рачна бомба и автоматско оружје врз пограничниот командоски тим за специјални операции составен од 10 војници кои патролираа пешки.

Во отворениот оган животот го загуби еден турски војници, а двајца војници беа ранети.

Безбедносните сили веднаш одговорија на нападот при што дојде до вооружена претстрелка со терористите.

На местото на нападот во утринските часови беше извршен увид при што беше установено дека на местото со трски е убиен еден терорист и се претпоставува дека најмалку двајца терористи од страна на останатите терористи се пренесени ранети на иранска страна од границата.

Како што се дознава здравствената состојба на двајцата ранети турски војници е добра.



Слични вести