Турските и американските функционери во Анкара разговараат за истрагите против ФЕТО

Турските и американските функционери во рамките на истрагите против ФЕТО вчера се состанаа во Судот во Анкара

1119449
Турските и американските функционери во Анкара разговараат за истрагите против ФЕТО

Делегација на САД престојува во посета на Турција за водење разговори посветени на истрагите кои што се водат против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Турските и американските функционери во рамките на истрагите против ФЕТО вчера се состанаа во Судот во Анкара.

На овдешните разговори учествуваа заменик републичкиот главен јавен обвинител на Анкара одговорен од Бирото за истраги против терористички злосторства Рамазан Динч, републичкиот јавен обвинител на задача во истото биро Али Алпер Сајлан, функционери од министерството за правда и американската делегација која допатува на разговори, меѓу кои се наоѓаат и функционери од  Федералното истражно биро (ФБИ).

Делегациите работеа повеќе од еден час.

Во еден дел од овие разговори, од страна на жандармеријата во судницата беше донесен Кемал Батмаз, едниот од т.н. „цивилни имами“ на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) за кого е установено дека за време на обидот за пуч на 15 јули 2016 година се наоѓал во воздушната база Акинџи кај Анкара и кој е уапсен. 

Овде на Кемал Батмаз му беа поставени некои прашања.

По разговорот за време на кој Кемал Батмаз на некои прашања одговори од видот „не сакам да зборувам по ова прашање“, се дознава дека преку систем за телеконференција биле земени изјавите на уште две лица.

Со овие разговори, бројот на разговорите на американската делегација помеѓу делегациите на министерско ниво на кои беа разгледани истрагите во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) се зголеми на 6 одржани разговори.



Слични вести