Пакистанскиот премиер Имран Хан го посети музејот на Мевлана во градот Конја

Пакистанскиот премиер Имран Хан кој на покана на претседателот Ердоган допатува во посета на Турција, вчера најпрвин беше во посета на градот Конја каде што го посети музејот на Мевлана

1118848
Пакистанскиот премиер Имран Хан го посети музејот на Мевлана во градот Конја

Пакистанскиот премиер Имран Хан кој на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во посета на Турција, вчера го посети музејот на Мевлана во градот Конја.

Имран Хан на аеродромот во Конја беше пречекан од страна на валијата на Конја Џунејит Орхан Топрак и други функционери од  протоколот.

Потоа пакистанскиот премиер Имран Хан со делегацијата во негова придружба го посети музејот на Мевлана каде што читаше дова (молитва) на гробот на Хазрети Мевлана и беше информиран од страна на надлежните.

Имран Хан на излегување од музејот изјави за новинарите дека е следбеник на суфизмот.

Велејќи дека исто како и секој оној кој го следи суфизмот и тој самиот ги прочитал книгите и делата на Хазрети Мевлана, пакистанскиот премиер Имран Хан рече: „Знаете колку многу Мухамед Икбал, идеолошкиот татко на Пакистан го сакал Мевлана Џелаледдин Руми, како негов идеолошки татко. Мевлана Џелаледдин Руми е името на нашиот дом. Ги прочитав неговите дела. Не сум експерт за Мевлана, меѓутоа доволно ги имам прочитано неговите книги. Мевлана е најголемиот претставник на суфизмот.“

На пакистанскиот премиер Имран Хан му беа подарени делото на Мевлана "Диван-и Кебир" и една слика.

 



Слични вести