Остра осуда од МНР на Турција против последните изјави на американскиот државен секретар Помпео

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение покажа остра реакција на изјавите на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој ја поистовети сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со Курдите

1119545
Остра осуда од МНР на Турција против последните изјави на американскиот државен секретар Помпео

Осуда на последните зборови на американскиот државен секретар Мајк Помпео кои што ги употреби во врска со Турција, во контекст на Сирија.

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение покажа реакција на изјавите на американскиот државен секретар Помпео во врска со Турција и рече: „Изјавите кои што ги употреби Помпео во врска со нашата земја во контекст на Сирија, ги отфрлуваме од аспект на начинот на изразување и нивната содржина.“

Аксој истакна дека тоа што американскиот државен секретар Мајк Помпео ја поистовети сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со Курдите, ако не е направено намерно го покажува недостатокот од информација и знаење, што пак загрижува. 

Хами Аксој подвлече дека Турција со одлучност ќе ја продолжи со одлучност борбата против терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ кои посегнуваат по политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија и исто така претставуваат егзистенцијална закана против нејзината сопствена национална безбедност. 

Нагласувајќи дека „апсолутно не може да се прифати“ тоа што борбата што ја води Турција против една терористичка организација се прикажува со нејзино искривоколчување на начин со кој што се поставува на мета одредена заедница во Сирија и дека Турција е земја која го прегрнува целиот сириски народ вклучувајќи ги и Курдите, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој рече: „Остро го осудуваме и тоа што оваа терористичка организација (ЈПГ/ПКК) се оценува како партнер во борбата против ДЕАШ“. 



Слични вести