Болтон сподели објава на социјалната мрежа во врска со неговите престојни посети на Турција и Израел

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, Џон Болтон, сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа во која информираше во врска со содржината на неговите престојни посети на Турција и Израел, во наредните денови

1118901
Болтон сподели објава на социјалната мрежа во врска со неговите престојни посети на Турција и Израел

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, соопшти дека во наредните денови ќе ги посети Турција и Израел каде што ќе оствари средби и разговори посветени на координацијата по прашањето на повлекувањето на САД од Сирија.

Болтон во соопштението кое што го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ќе заминеме за Турција и Израел со цел да разговараме за тоа како ќе работиме со нашите сојузници по прашањата на тоа како ќе се реализира повлекувањето на силите на САД од Сирија, да не се појави повторно ДЕАШ,  да бидат зачувани позициите на оние кои заедно со нас војуваат против ДЕАШ и да се води борба против злонамерните активности на Иран во регионот.“

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, Џон Болтон, потоа сподели уште една објава на својата сметка на социјалната мрежа и во оваа своја објава информира дека на средбите и разговорите во Турција ќе присуствуваат и специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и началникот на началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд.



Слични вести