Ирачкиот претседател Бархам Салих допатува во официјална посета на Анкара

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го пречека во Анкара со официјална церемонија ирачкиот претседател Берхем Салих кој денеска допатува на средби и разговори во Турција

1118522
Ирачкиот претседател Бархам Салих допатува во официјална посета на Анкара
berhem salih-erdogan2.jpg
berhem salih-erdogan1.jpg

Ирачкиот претседател Бархам Салих допатува во официјална посета на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара го пречека гостинскиот претседател од Ирак Салих  со официјална церемонија.

Ирачкиот претседател Бархам Салих ја поздрави почесната гарда на турски со „Мерхаба аскер“.

На церемонијата своето место го зазедоа и војниците со знамиња и облека (костими) кои ги симболизираат 16-те турски држави формирани во историјата.

По средбата лице в лице двајцата претседатели Ердоган и Бархам Салих ќе одржат заеднички состанок за претставниците на печатот.

На официјалната церемонија на дочек на ирачкиот претседател Бархам Салих, присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија Рухсар Пекџан, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, портпаролот во кабинетот на претседател Ибрахим Калин, шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун, претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир, валијата на Анкара Васип Шахин и други високи функционери.



Слични вести