Чавушоглу: Во меѓународните односи не постои постојан пријател или непријател

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека во надворешната политика не постои постојано пријателство и непријателство и нагласи дека Турција треба да води политика на урамнотеженост во сите нејзини односи

1118066
Чавушоглу: Во меѓународните односи не постои постојан пријател или непријател

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на Конференцијата Чаршамба во Управата на жандармеријата и академијата за крајбрежна стража и притоа истакна дека продолжуваат да се бранат интересите на Турција во регионот на Егејското Море и Источниот Медитеран.

„Во Егејот нема да дозволиме да дојде до состојби на свршен чин“, рече Чавушоглу.

Мевлут Чавушоглу воедно ја предупреди и Грција во врска со што рече: „Вие имате едно галениче, така им велат на министрите за национална одбрана. Велат 'наше галениче'. Надгледувајте, внимавајте на вашето галениче за да не дојде до одредена несреќа, да не му се нанесе нешто од страна на нашите безбедносни сили.“

Чавушоглу напомена дека во надворешната политика не постои постојано пријателство и непријателство и нагласи дека Турција треба да води политика на урамнотеженост во сите нејзини односи.

Министерот Мевлут Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: „Нам ни велат, дали малку повеќе се зближивте со Русија? Дали формиравте Турски совет во Централна Азија? Ве има на Блискиот исток, и придавате тежина на Заливот, зарем сакате исламистичка политика? Дали се оддалечувате од нас? Добивте статус и од Азија дали се оддалечувате од нас? Па добро, кога тебе те има таму не станува збор за проблем, кога одиш ти не станува проблем, кога одам јас зошто доаѓа до поместување на оската? Во меѓународните односи не постои постојан пријател или непријател.“

Велејќи дека проодлжуваат да се бранат интересите на Турција во регионот на Егејот и во Источниот Медитеран, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Не дозволуваме да дојде до состојби на свршени чинови во Егејот. И потсетуваме на нашата одлука на Собранието и тогаш кога ќе бидат фрлени негативни чекори го правиме неопходното и со крајбрежната стража и поморските сили. Го доставуваме следното предупредување до Грција; Вие имате едно галениче, така им велат на министрите за национална одбрана. Велат 'наше галениче'. Надгледувајте, внимавајте на вашето галениче за да не дојде до одредена несреќа, да не му се нанесе нешто од страна на нашите безбедносни сили. Ја потсетуваме за тоа. Ова е крајно пријателско предупредување. Да изнесувате изговори кои што непотребно ќе ја зголемат затегнатоста или да се искачувате на одреден гребен, на одредено островче нема никаква фајда, нема да донесе ништо за вас.“

 



Слични вести