Американска делегација утре ќе допатува на разговори во Турција во врска со ФЕТО
Американската делегација во чиј состав се наоѓаат и функционери на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Анкара ќе се состане со свои турски колеги, функционери на министерствата за надворешни работи, правда и внатрешни работи.

Делегација од САД утре ќе допатува во Турција каде што се оствари разговори посветени на истрагите против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).
Американската делегација во чиј состав се наоѓаат и функционери на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Анкара ќе се состане со свои турски колеги, функционери на министерствата за надворешни работи, правда и внатрешни работи.
На средбите ќе бидат поставени на дневен ред истрагите кои што се водат во САД против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Американската делегација се очекува да ги информира турските функционери по ова прашање.
Средбите на американската делегација во Анкара ќе траат до 4 јануари.
Инаку, Министерот за правда Абдулхамит Ѓул минатата недела соопшти дека американските функционери ќе допатуваат во Турција и дека во рамките на средбите кои што ќе бидат остварени во Анкара ќе стане збор за правната помош во кривичната материја помеѓу двете земји.