Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган избран за „Најелитен светски лидер во 2018 година“

На гласањето организирано од страна на медиумската мрежа „Rassdnews“ (Рассдњуз) претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше избран за „Најелитен светски лидер на годината'

1117132
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган избран за „Најелитен светски лидер во 2018 година“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на гласањето организирано од страна на медиумската мрежа „Rassdnews“ (Рассдњуз) беше избран за „Најелитен светски лидер на годината'.

„Rassdnews“ (Рассдњуз), која е позната како доста влијателна медиумска мрежа во арапскиот свет, ги соопшти резултатите од гласањето што се одржа под името „Најелитни личности во светот, во 2018 година“.

На гласањето на оваа медиумска мрежа учествуваа 300 илјади лица од кои 77-отсто гласаа за претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кого го избраа за „Најелитен лидер во светот за 2018 година“.

На втоор место на списокот е поранешниот египетски претседател Мухамед Мурси кој беше симнат од власт со воен удар и се уште се наоѓа во затвор, а кој на гласањето доби 52 отсто гласови.

На гласањето, освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваа и американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот крал Салман бин Абдулазиз. 

Освен тоа на гласањето, на прво место меѓу „најевидентните настани во 2018 година“ беше прикажано убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој беше жртва на ѕверско убиство во Генералнот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Медиумската мрежа „Rassdnews“ (Рассдњуз) е формирана по народната револуција во Египет на 25 јануари 2011 година и со своите вести кои што ги емитува на арапски јазик е доста распространета и располага со голем број читатели во арапскиот свет.



Слични вести