Советникот за национална безбедност на Трамп, Болтон, на 7 јануари ќе допатува во посета на Турција

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, Џон Болтон, по посетата што ќе ја оствари претходно на Израел, на 7 јануари се очекува да допатува во Анкара, каде што ќе оствари низа средби и разговори со турските функционери

1116668
Советникот за национална безбедност на Трамп, Болтон, на 7 јануари ќе допатува во посета на Турција

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон на 7 јануари ќе допатува во посета на Турција.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември ја соопшти одлуката за повлекување на американските војници од Сирија почна да се води интензивна дипломатија помеѓу Турција и САД во однос на координацијата со безбедноста во регионот.

Во тие рамки советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, по посетата што ќе ја оствари претходно на Израел, на 7 јануари се очекува да допатува во Анкара.

Болтон, напредниот ден, на 8 јануари ќе оствари низа средби и разговори во Анкара, по што истиот ден се предвидува да замине од Турција. 

Џон Болтон во објавеното соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со оваа негова посета што ќе ја оствари по одлуката на САД за повлекување од Сирија, напиша: „Ќе разговараме за следниот чекор во борбата против терористичката организација ДЕАШ и за безбедносните проблеми со кои што се соочуваат сојузниците и партнерите во регионот.“

Од друга страна, портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во својата проценка што ја изнесе на 24 декември во врска со одлуката на САД за повлекување од Сирија истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп постигнаа согласност за колку што е можно побрзо започнување на координацијата по ова прашање, односно повлекувањето на САД од Сирија.  

На средбите и разговорите во Анкара се предвидува да бидат разгледани сите воени и разузнавачки мерки кои што ќе бидат преземени за да не настане одредена празнина на теренот, при воспоставување на воената координација во рамките на планот за повлекување на САД. 

Се претпоставува дека, турската страна на средбите и разговорите ќе го нагласи значењето на борбата што се води против заканите насочени кон националната безбедност на Турција на чело со оние од страна на терористичката организација ДЕАШ и сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, како и зачувувањето на територијалниот интегритет и унитарната структура на Сирија.

 



Слични вести