Пакистанскиот премиер Имран Хан на 3 и 4 јануари ќе престојува во посета на Турција

Во објавеното писмено соопштение од пакистанското министерство за надворешни работи се истакнува дека на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во првата недела од новата 2019 година, премиерот Имран Хан ќе допатува во официјална посета на Турција

1116309
Пакистанскиот премиер Имран Хан на 3 и 4 јануари ќе престојува во посета на Турција

Пакистанскиот премиер Имран Хан на 3 и 4 јануари (2019 година) ќе престојува во официјална посета на Турција.

Во објавеното писмено соопштение од пакистанското министерство за надворешни работи се истакнува дека на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во првата недела од новата 2019 година премиерот Имран Хан ќе допатува во официјална посета на Турција.

Во соопштението се вели дека пакистанскиот премиер Имран Хан за време на оваа негова прва официјална посета на Турција ќе биде придружуван од многучлена висока делегација составена од министерот за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, министерот за планирање Махдом Кусро Бахтјар и советникот на премиерот Имран Хан за трговија и инвестиции Абдул Разак Давуд, како и други високи пакистански функционери.

Во соопштението сер истакнува дека пакистанскиот премиер Имран хан за време на оваа своја посета на Анкара ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со кого освен за билатералните односи ќе разговараат и за актуелни регионални и меѓународни случувања, а ќе говори и на Бизнис форумот што ќе се одржи во Анкара каде што ќе се состане со турските бизнисмени и потенцијални инвеститори.

Во соопштението се додава и следното: „Пакистан и Турција го уживаат задоволството од единствените и неприкосновени историски и културни врски кои што се потпираат на далечното минато низ вековите и кои се изградени над заедничкото верско и културно наследство. Двете земји располагаат со политички, економски, одбранбени и културни врски, како и врски помеѓу двата народа кои што се на извонредно ниво и кои со секој поминат ден продолжуваат се повеќе да зајакнуваат. Посетата на нашиот премиер на Турција која што наближува ќе обезбеди уште повеќе да зајакнат историските врски помеѓу владите и народите на двете братски земји. Освен тоа ќе помогне и во пронаоѓањето на нови сфери по прашањето на соработката и заедничкото работење на двете земји и тоа особено во однос на економијата и трговските односи.“

 



Слични вести