Од Ибрахим Калин до американскиот сентор Грахам: Терористите не можат да бидат ваши сојузници

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, на објавата на американскиот сенатор од Јужна Каролина Републиканецот Линдзи Грахам на социјалната мрежа Твитер, покажа реакција со зборовите: „Терористите не можат да бидат ваши сојузници“

1116778
Од Ибрахим Калин до американскиот сентор Грахам: Терористите не можат да бидат ваши сојузници

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во врска со изразот „курдски сојузници“ што го употреби американскиот сенатор од Јужна Каролина Републиканецот Линдзи Грахам, во својата објава што ја сподели на социјалната мрежа Твитер, а во врска со процесот на повлекување на САД од Сирија, покажа реакција со зборовите „Терористите не можат да бидат ваши сојузници. Исто како што ДЕАШ не ги претставува муслиманите, така и (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК не може да ги претставува Курдите, во Сирија или во било кое друго место.“

Калин својата порака по ова прашање ја објави на социјалната мрежа Твитер каде што на американскиот сенатор од Јужна Каролина Републиканецот Линдзи Грахам му одговори со следните зборови: „Ја знаете директната врска меѓу терористичката организација ПКК и нејзиниот огранок во Сирија, ПЈД и ЈПГ, и тоа многу отворено го кажавте пред јавноста, на многу поотворен начин од секој друг. Терористите не можат да бидат ваши сојузници. Исто како што ДЕАШ не ги претставува муслиманите, така и (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК не може да ги претставува Курдите, во Сирија или во било кое друго место.“

Инаку, американскиот сенатор од Јужна Каролина Републиканецот Линдзи Грахам, во својата објава што ја сподели на Твитер напиша: „Претседателот (на САД Доналд Трамп) во случај на евентуално повлекување од Сирија ќе го обезбеди следното: Како прво, ДЕАШ целосно ќе биде уништен. Второ, Иран нема да се позиционира на испразнетите места. Трето, нашите курдски сојузници (ЈПГ/ПКК) ќе бидат заштитени. Претседателот Доналд Трамп работи со нашите команданти и сојузници за исполнување на овие цели, при спроведување на процесот на повлекување“.

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич исто така реагираше на оваа објава на американскиот сенатор Линдзи Грахам, со зборовите: „Господине сенатор, кога велите 'нашите курдски сојузници' сигурен сум дека не алудирате на ЈПГ/ПЈД. Вие подобро од секого во Вашингтон ја знаете онаа директна врска меѓу ЈПГ/ПЈД која што не може да се порекне, и истовремено вие сте оној кој тоа го изнесе пред јавноста.“

 



Слични вести