„Германската канцеларка Меркел ја цени улогата на Турција по прашањето на сириските бегалци“

Заменик-портпаролот на германската влада Мартин Фиец истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и егрманската канцеларка Ангела Меркел вчера остварија телефонски разговор и дека во фокусот на разговорот беше прашањето со Сирија

1116362
„Германската канцеларка Меркел ја цени улогата на Турција по прашањето на сириските бегалци“

Заменик-портпаролот на германската влада Мартин Фиец истакна дека канцеларката Ангела Меркел ја цени улогата на Турција особено по прашањето на прифаќањето на сириските бегалци.

Фиец во објавеното писмено соопштение укажа на тоа дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и егрманската канцеларка Ангела Меркел вчера остварија телефонски разговор и дека во фокусот на разговорот беше прашањето со Сирија.

Велејќи дека Меркел и Ердоган во телефонскиот разговор го нагласија значењето на политичкиот процес под водство на Обединетите нации (ОН) за стишување на конфликтот во Сирија, Фиец нагласи дека и покрај тоа што со заедничкото делување е одбиена терористичката организација ДЕАШ, таа продолжува да претставува сеиозна закана поради што треба да се биде внимателен. 

Заменик-портпаролот на германската влада Мартин Фиец воедно напомена дека канцеларката Ангела Меркел го изнесла и нејзиното очекување во однос на тоа дека Турција ќе реагира со воздрженост и во одговорност во врска со одлуката на повлекување на американските војници од Сирија.



Слични вести