Претседателот Ердоган разговараше телефонски со германската канцеларка Меркел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа телефонски за билатералните односи, случувањата во Сирија, илегалните миграции кон Европа и борбата против тероризмот

1116237
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со германската канцеларка Меркел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор освен билатералните односи биле разгледани и прашања посветени на случувањата во Сирија, илегалните миграции кон Европа и борбата против тероризмот.

Двајцата лидери Ердоган и Меркел постигнаа согласност да продолжат да бидат во близок контакт по прашањето на следење на процесот како во однос на резултатите од самитот во Истанбул,  така и по одлуката на САД за повлекување од Сирија.



Слични вести