Испратените дополнителни воени возила пристигнаа во Мардин на границата со Сирија

Конвојот составен од шлепери натоварени со хаубици од населеното место Вираншех кај градот Шанлиурфа пристигна во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин

1116262
Испратените дополнителни воени возила пристигнаа во Мардин на границата со Сирија

Воениот конвој во кој се наоѓаа хаубици испратени како зајакнување на единиците на границата со Сирија, пристигна во градот Мардин.

Конвојот составен од шлепери натоварени со хаубици од населеното место Вираншех кај градот Шанлиурфа пристигна во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин.

Оттука конвојот се движеше во должина на границата и тргна кон населеното место Нусајбин.

Од друга страна, беше забележано дека и од населеното место Нусајбин кон подрачјето на градот Шанлиурфа преминаа приближно 50 оклопни воени возила Кирпи (Еж).

Воените возила се испратени како зајакнување на воените единици распоредени на границата со Сирија.



Слични вести