Висока турска делегација замина за Русија на разговори посветени на Сирија

Висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува на разговори во Москва посветени на случувањата во Сирија

1115777
Висока турска делегација замина за Русија на разговори посветени на Сирија

Турција која се испречува пред терористичкото структуирање во северниот дел на Сирија, продолжува да фрла чекори за воспоставување на стабилноста во регионот.

Во тие рамки висока делегација замина за Русија со цел правење проценка на случувањата во Сирија.

Во делегацијата се наоѓаат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Ердоган.

Делегацијата ќе води разговори во руското министерство за одбрана по прашањето на Сирија.

Најзначајни наслови на дневниот ред на разговорите кои што ќе бидат остварени се очекува да бидат позицијата на Русија и употребата на воздушниот простор на Сирија.

 



Слични вести