„Турција и Русија со заедничка волја за исчистување на сите терористички организации од Сирија“

Во Москва се одржа состанок посветен на Сирија помеѓу делегациите на Турција и Русија предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров и министрите з аодбрана Хулуси Акар и Сергеј Шојгу

1115926
„Турција и Русија со заедничка волја за исчистување на сите терористички организации од Сирија“
Türk Heyeti Rusya.jpg
Rusya Türkiye Moskova görüşmeler

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национала одбрана Хулуси Акар во Москва се состанаа со своите руски колеги со кои разговараа за случувањата во Сирија.

На состанокот Мевлут Чавушоглу и Хулуси Акар заедно и со шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, се состанаа со своите руски колеги во руското министерство за одбрана.

Пред состанокот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека меѓу Турција, Русија и Иран се води блиска соработка по прашањето на Сирија во форматот од Астана и рече: „Благодарение на тоа постигнавме значаен напредок во безброј сфери во однос на политичкиот процес.“

Укажувајќи на тоа дека допатуваа во Русија за разгледување и правење проценка на последните случувања во Сирија, Чавушоглу рече: „И во иднина со нашите руски колеги ќе правиме проценка на сето она кое што би можеле да го направиме во Сирија. Особено, нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган не испрати поради тоа што им придава големо значење на нашите односи со Русија во однос на регионалните прашања.“

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пак исто така пред состанокот рече: „Ќе направиме проценка на применувањето на договорот што го постигнавме во однос на Идлиб и во Истанбул. Воедно ќе ги разгледаме и повлекувањето на САД од Сирија и последните случувања во источниот дел на реката Еуфрат.“ 

На остварениот состанок во Москва од руска страна учествуваа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александар Лаврентиев.

Состанокот траеше приближно еден и пол час.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава по состанокот рече: „Располагаме со заедничка волја по прашањето на исчистување на сите терористички организации од териториите на Сирија.“

Чавушоглу напомена дека ќе продолжи да се воспоставува блиска соработка со Русија и Иран по прашањето на Сирија и регионалните прашања.

„Ние како гарантори од Астана, ги браниме територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија и сме против сите напори кои што ќе претставуваат закана за истите.“ - рече министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по состанокот изјави дека е постигната согласност за елиминирање на терористичката закана и по прашањето на координацијата на воените единици на Турција и Русија во Сирија.

Лавров рече: „Постигнавме согласност по прашањето на интензивирање на нашите активности за воспоставување на неопходните услови за враќање на бегалците во нивната земја.“

 



Слични вести