Турција остро ја осуди дозволата на Израел за изградба на 2.200 нови станови на Западниот Брег

„Остро го осудуваме издаденото одобрение од страна на Израел за изградба на приближно 2.200 нови станови на Западниот Брег чии територии ги држи под окупација“, се вели во објавеното писмено сооопштение од турското министерство за надворешни работи

1114913
Турција остро ја осуди дозволата на Израел за изградба на 2.200 нови станови на Западниот Брег

Турција ја осуди дозволата за изградба на приближно 2.200 нови станови од страна на Израел на Западниот Брег чии територии ги држи под окупација.

Во врска со прашањето беше објавено писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи во кое се вели следното:  "Остро го осудуваме издаденото одобрение од страна на Израел за изградба на приближно 2.200 нови станови на Западниот Брег чии територии ги држи под окупација. Ја отфрламе оваа незаконска одлука на Израел со која што продолжува со немарност да се прекршува меѓународното право, на чело со резолуциите на Обединетите нации (ОН) и четвртиот договор од Женева.

На Западниот Брег чии територии беа оклупирани од страна на Израел во 1967 година има приближно 250 незаконски изградени еврејски населби. Повеќе од 400 илјади Евреи доселеници кои живеат во овие места уште повеќе го отежнуваат животот за Палестинците кои живеат под окупација на Западниот Брег.

Во Источен Ерусалим (КУДС) пак кој што исто така се наоѓа под израелска окупација има 18 незаконски изградени еврејски населби во кои живеат приближно 220 илјади еврејски доселеници.

 



Слични вести