Реакција од Турција поради издадената дозвола на терористот Куфодинас за 4 дневен излез од затвор

Турција покажа реакција против донесената одлука за издавање дозвола за 4 дневен излез од затвор на Димитрис Куфодинас, членот на терористичката организација „17 Ноември“, која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција, меѓу кои и турски дипломати

1115542
Реакција од Турција поради издадената дозвола на терористот Куфодинас за 4 дневен излез од затвор

Турција го осуди тоа што уште еднаш, по шести пат досега, му е издадена дозвола за неколку дневен излез од затвор на Димитрис Куфодинас, членот и едниот од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција, меѓу кои и турски дипломати.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Го осудуваме тоа што грчките органи на затвореникот терористот, член на терористичката организација „17 Ноември“ Димитрис Кофудинас, уште еднаш му издадоа дозвола за неколку дневен излез од затвор.“

Во соопштението на министерството се нагласува дека тоа што му се покажува толеранција на еден соуден тероист кој изврши убиство и врз турски дипломати, претставува големо непочитување кон споменот за убиените (шехидите) и нивните семејства, а се додава и следното: „Издавањето на една ваква дозвола (дозвола за неколку дневно излегување од затвор), истовремено е неприфатливо и не се истоветува со правдата и сфаќањето во однос на борбата против тероризмот.“

Инаку според добиени вести, на Димитрис Куфодинас, членот и едниот од основачите на терористичката организација „17 Ноември“ која стои зад низа извршени напади и убиства во Грција, меѓу кои и турски дипломати, а кој пред кусо време од високо обезбедуваниот затвор од затворен тип Коридалос во главниот град Атина беше пренесен во затворот од отворен тип во градот Волос, му била издадена дозвола за 4 дневен излез од затвор.

На Димитрис Куфодинас познат по кодното име  „Лукас“ кој поради извршени терористички злосторства е осуден на 16 доживотни затворски казни и кој од 2002 година се наоѓа во затвор и претходно од страна на затворскиот совет 5 пати му беше издадена дозвола за излез од затвор. 

Терористичката организација „17 Ноември“ во периодот од 1991 до 1994 година изврши убиство врз турските дипломати на задача во амбасадата на Турција во Атина Четин Ѓорѓу и Омер Сипахиоглу, а потсекретарот на амбасадата Дениз Болукбаши, аташето за административни работи Нилѓун Кечеџи и возачот Адил Јилдирим беа ранети. 



Слични вести