Министерот за внатрешни работи Сојлу во Баку примен кај азербејџанскиот претседател Хајдар Алиев

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го прими министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој престојува во официјална посета на Баку

1115488
Министерот за внатрешни работи Сојлу во Баку примен кај азербејџанскиот претседател Хајдар Алиев
aliyev-soylu1.jpg
soylu azerbaycan sehitlik.jpg
suleyman soylu-ramil usubov.jpg

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој престојува во официјална посета на Баку беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Приемот се одржа во претседателскиот дворец.

Претседателот Илхам Алиев на приемот на министерот Сојлу се осврна на неговата блискост со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рече дека Азербејџан и Турција се пријателски земји.

Алиев го информираше Сулејман Сојлу за проектите кои што ги води Азербејџан заедно со Турција. 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу пак му ја достави својата благодарност на претседателот Илхам Алиев и му ги достави поздравите на претседателот Ердоган.

Велејќи дека националниот лидер на Азербејџан, покојниот Хајдар Алиев во врска со врската помеѓу Турција и Азербејџан рече дека „Тие се еден народ, две држави“, Сојлу ја изнесе следната констатација: „Се раководиме од тоа мото. Мислиме дека оваа врска има многу голем придонес за нашата географија, за светот и за нашиот народ.“

Министерот Сулејман Сојлу се осврна и на трговската врска помеѓу Турција и Азербејџан во врска со што рече: „Вашата судбина, е наша судбина, а поготово прашањето со Нагорно Карабах.“

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во рамките на својата официјална посета на Баку се состана и со својот азербејџански колега министерот за внатрешни работи Рамил Усубов.

По средбата лице в лице се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Притоа на остварените разговори стана збор за илегалната миграција и борбата против тероризмот.

Двајцата министри за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и Рамил Усубов во главниот град Баку ги посетија и гробиштата на паднатите турски и азербејџански борци каде што положија венез на споменикот на паднатите борци.



Слични вести