Чавушоглу: Турција е од најзначајните актери за изнаоѓање политичко решение во Сирија под покривот на ОН

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е едниот од најзначајните актери за изнаоѓање политичко решение во Сирија под покривот на Обединетите нации (ОН)

1115021
Чавушоглу: Турција е од најзначајните актери за изнаоѓање политичко решение во Сирија под покривот на ОН

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој говореше на конференцијата во организација на Политичкиот клуб на Универзитетот Сабахаттин Заим во Истанбул истакна дека Турција следејќи ги одблизу сите случувања и правејќи проценка на истите се обидува да спроведува успешна мултилатерална и проактивна надворешна политика.

Чавушоглу напомена дека Турција е едниот од најзначајните актери за изнаоѓање политичко решение во Сирија под покривот на Обединетите нации (ОН).

Велејќи дека едниот од приоритетите на турската надворешна политика е управувањето со кризи, Чавушоглу благодарение на улогите кои што ги презеде Турција во Сирија и особено по кризата во Алепо во одреден степен е консолидиран прекинот на огнот на теренот и дека најзначајниот актер во одвивањето на случувањата кон изнаоѓање политичко решение во Сирија, повторно е Турција.

Мевлут Чавушоглу потсети дека Турција е најзначајниот актер и во донесувањето на одлуката за повлекување од Сирија од страна на САД.

Чавушоглу нагласувајќи дека освен тоа за Турција постојат национални и свети каузи, подвлече дека Турција е единствената земја која не молчи по прашањето на Ерусалим (Кудс) и Палестина.

Истакнувајќи дека денеска Турција се наоѓа на прво место во светот во хуманитарната надворешна политика, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Ние не сме најбогатата земја во светот, меѓутоа и покрај сите кризи, сите проблеми, ние сме најдарежлива земја.“



Слични вести