Русија: Длабоко сме загрижени поради нападите на Израел кон Сирија

Руското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во кое истакна дека се чувствува длабока загриженост поради нападите на Израел кон Сирија

1114231
Русија: Длабоко сме загрижени поради нападите на Израел кон Сирија

Русија истакна дека Израел го прекршува територијалниот интегритет на Сирија и го соопшти следното: "Чувствуваме длабока загриженост поради нападите на Израел кон Сирија."

Во објавеното писмено соопштение од руското министерство за надворешни работи беше критикуван прексиноќешниот израелски воздушен напад во близина на главниот град Дамаск.

Во соопштението и се одделува место на информацијата дека 6 борбени авиони Ф-16 на израелските воздушни сили од либанскиот воздушен простор извршија напад во близина на сирискиот главен град Дамаск и се вели следното: "Треба да се нагласи дека израелските воени авиони реализираа напад со тоа што уште еднаш ги искористија како штит цивилните-патнички авиони кои летаа кон аеродромите во Дамаск и Бејрут."

Во соопштението во кое се споделува загриженоста од нападите кои што се реализираат од страна на Израел се додава и следното: "Израел грубо ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) вклучувајќи ја и онаа под број 1071, како и територијалниот интегритет на Сирија. Чувствуваме длабока загриженост поради нападите на Израел кон Сирија и од видот на овие напади."

 



Слични вести