Омер Челик: Турска делегација во сабота ќе отпатува на разговори во Русија по прашањето со Сирија

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик истакна дека турска делегација во сабота ќе отпатува на разговори во Русија по прашањето со Сирија

1114636
Омер Челик: Турска делегација во сабота ќе отпатува на разговори во Русија по прашањето со Сирија

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик на одржаниот состанок за претставниците на печатот вчера по состанокот на Централниот извршен совет на АК Партијата истакна дека турска делегација составена од министерот за национална одрбана Хулуси Акар, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан  и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во сабота ќе отпатува за Русија.

Челик наведе дека оваа делегација во Москва ќе оствари разговори по прашањето со Сирија во врска со што рече: „Согласно резултатот од овие разговори, во меѓувреме може да се оствари и телефонски разговор. Ќе се испланира програма од видот на состанување на нашиот претседател (Ердоган) и Путин.“

Велејќи дека оваа интензивна дипломатија со Иран и Русија ќе продолжи, Челик истакна дека овие дипломатски разговори ќе продолжат и со партнерите на процесот од Астана и компонентите на процесот од Женева.

Омер Челик напомена дека по повлекувањето на САД од Сирија и процесот потоа во наредниот период Турција својата перспектива што ќе ја постави во борба против тероризмот ќе ја сподели и во сојузниците.

„Овие работи ќе продолжат во рамките на соодветна координација и на краен планиран и програмиран начин.“ - додаде портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик.

 



Слични вести