Министерот за правда Абдулхамит Ѓул: Не сме зачудени на тоа што Израел е расплакан во име на теророт

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција вопшто не е зачудена на тоа што Израел се расплакува во име на теророт

1114211
Министерот за правда Абдулхамит Ѓул: Не сме зачудени на тоа што Израел е расплакан во име на теророт

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во која покажа реакција на клеветите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кои што неодамна ги изнесе кон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и турската армија, како и последните изјави на израелската министерка за правда Ајалет Шакед со поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

„Еланот и одлучноста на Турција во борбата против тероризмот, резултатите кои што ги постигнува и на теренот и на масата и вистините кои што силно ги изговара нашиот претседател, освен израелскиот премиер Нетанјаху, ја вознемирија и онеспокоија и израелската министерка.“ - напиша Ѓул во својата објава.

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул го нагласи и следното: „Воопшто не сме зачудени, ниту на тоа што терористичката држава Израел напаѓа сметајќи како плен на укажаната прилика за изразување поддршка на терористичките организации како ЈПГ, ПКК, ниту на тоа што израелската министерка за правда се расплакува во име на теророт. Ние ќе продолжиме да  создаваме непријатности (да вознемируваме) се додека не им дојде крајот на зулумот, угнетувањето, окупацијата и теророт на овие простори.“

 



Слични вести