Ердоган: Не очекувајте и не барајте правда и во СБ на ОН и во ОН, такво нешто нема

Претседателот Ердоган истакна дека на Муслиманите не им се признава право на збор во врска со нивната сопствена иднина и заедничките прашања на човештвото и рече: „Не очекувајте, не барајте правда и во Советот за безбедност на ОН и во ОН,такво нешто нема

1114081
Ердоган: Не очекувајте и не барајте правда и во СБ на ОН и во ОН, такво нешто нема

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на доделување на наградите на Институцијата за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) и Турската академија на науки (ТУБА) што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара.

Ердоган во својот говор нагласи дека на Муслиманите не им се признава право на збор во врска со нивната сопствена иднина и заедничките прашања на човештвото.

Велејќи дека исто така не постои правда и во Обединетите нации (ОН), претседателот Ердоган рече: „Тоа што исламскиот свет кој што располага со 1,7 милијарди жители нема ниту еден свој постојан член во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), ете е резултат на оваа искривоколченост (изопаченост). Затоа велам дека 'Светот е поголем од 5'.“

Ердоган истакна дека распределбата на петте постојани челнства во Советот за безбедност на ОН не е праведен и својот говор го продолжи со следните зборови: „Се е поврзано за едната меѓу петте земји постојани членки. Па нели Обединетите нации (ОН) беа формирани за воспоставување на правдата во светот. Не очекувајте, не барајте правда и во Советот за безбедност на ОН и во Обединетите нации, такво нешто нема.“ 

Претседателот Ердоган констатира дека зависноста од надвор е најболната вистина со која што се соочува исламскиот свет и рече: „Се соочуваме со навика синдром на безнадежност. Ние од се срце веруваме дека тоа ќе се промени. Турција со потезите кои што ги повлече во последните 16 години ја раскина онаа своја кошула на зависност. Веќе постои Турција која не увезува, која не е слуга пред нечија врата, туку која стои на сопствени нозе.“

Велејќи дека чувствителноста што ја покажува Турција кон одбраната на своите граници, на ист начин треба да ја покажува и во заштитата на податоците, Ердоган рече: „Сајбер нападите и пропустите се најголемите закани кои што им се закануваат на безбедноста на државата и приватноста на луѓето. Софтверот „Октопод“ кој што го развивме успешно го спречи сајбер нападот извршен на штабот на командата на едниот од нашите воени родови и беше внесен во една воена вежба на НАТО што ќе се реализира во иднина.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно истакна дека Турција веќе не признава граници во научните истражувања и рече: „Пред две недели го остваривме 20 годишниот сон и ја формиравме нап шата Вселенска агенција. Фрливме историски чекор со кој што нашата земја ќе се искачи во супер лигата.“

 



Слични вести