Турција го осуди терористичкиот напад во главниот град на Авганистан, Кабул

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека се чувствува големо жалење од гинењето и ранувањето на голем број лица во вчерашниот терористички напад во Кабул

1113432
Турција го осуди терористичкиот напад во главниот град на Авганистан, Кабул

Турција го осуди терористичкиот напад на министерството за урбанизам во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека се чувствува големо жалење од гинењето и ранувањето на голем број лица во вчерашниот терористички напад во Кабул.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој терористички напад, на загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателската авганистанска влада и братскиот авганистански народ, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, извршениот напад вчера во главниот град на Авганистан, Кабул, беше реализиран со тоа што најпрвин беше извршен самоубиствен напад во возило пред административната зграда, а потоа вооружени лица ја опколија зградата.

Во нападот беше соопштено дека животот го загубија 43 лица, а десетици лица се ранети.



Слични вести