Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: За операцијата се е испланирано, програмирано

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговарајќи на прашањето на еден новинар во Анкара истакна дека за операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат во Сирија се е испланирано и програмирано

1113567
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: За операцијата се е испланирано, програмирано

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Анкара одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред.

На прашањето на еден новинар „Кога ќе започне операцијата во Сирија (против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК)?, министерот Акар рече: „Се е испланирано, програмирано. Се се одвива согласно времето.“

На поставеното прашање на еден друг новинар во однос на Патната карта за Менбич која што е постигната со САД во врска со исчистувањето на Менбич од окупацијата на ЈПГ/ПКК и неговото предавање на локалните жители, Акар одговори: „Не постои било каков проблем. Заедно со САД ќе се утврди календар и откако тоа ќе биде утврдено ќе ви биде соопштено вам.“

Запрашан за тоа како ги оценува оставките во САД по одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, Акар рече: „Тоа е нивна сопствена одлука, нивно внатрешно прашање.“

На прашањето на еден новинар „Нели нема одреден проблем во врска со купувањето на ракетните системи С-400 (од Русија)?“ пак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговори со зборовите: „Продолжува онака како што е испланирано.“



Слични вести