Чавушоглу: Повлекувањето на САД од Сирија не треба да ѝ служи на терористичката ЈПГ/ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека развојот на настаните во врска со повлекувањето на САД од Сирија не треба да ѝ служи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1113133
Чавушоглу: Повлекувањето на САД од Сирија не треба да ѝ служи на терористичката ЈПГ/ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Тунис од овде даде значајни изјави во врска со подготовките на Турција за реализација на операција против терористите во источниот дел на реката Еуфрат и одлуката на САД за повлекување од Сирија.

Чавушоглу истакна дека развојот на настаните во врска со повлекувањето на САД од Сирија не треба да ѝ служи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Нагласувајќи дека Турција може да започне операција прортив терористите тогаш кога ќе одлучи дека тоа е неопходно, Чавушголу рече: „Ќе го координираме процесот на повлекување на САД од Сирија, заедно со оваа земја. Со САД разговараме на секое ниво.“

Велејќи дека Турција ја дочекува со задоволство одлуката на Вашингтон за повлекување од Сирија, Мевлут Чавушоглу напомена дека меѓутоа развојот во врска со ова повлекување не треба да ѝ служи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Чавушоглу се осврна и на бробата против терористичката организација ДЕАШ во врска со што рече: „Ќе ја исчистиме ДЕАШ независно од тоа каде во Сирија се наоѓа. Во борбата против ДЕАШ би можеле да соработуваме со секого, со исклучок на терористите. Располагаме со сила самите да водиме борба против ДЕАШ.“

Во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој беше жртва на ѕверско убиство на 2 октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, Мевлут Чавушоглу рече: „Убиството на Кашикчи е судски случај, злосторство, меѓутоа не го оценуваме како билатерален проблем со Саудиска Арабија. Разговараме со негови земји за поведување на истрага во Обединетите нации во врска со убиството.“

По прашањето со кризата во Јемен пак, Чавушоглу истакна дека упатиле повик до контакт групата на Органзиацијата за исламска соработка (ОИС) за одржување состанок во Истанбул на 10 јануари.

Велејќи дека односите помеѓу Турција и САД по остварениот телефонски разговор помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одвиваат позитивно, Чавушоглу истакна дека Федералното истражно биро ФБИ во САД започна истрага во врска со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, но додаде дека тоа не се одвива на посакувано ниво.

Во својата објава пак што ја сподели преку социјалната мрежа Твитер пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напиша: „Го дочекуваме со задоволство затворањето на училиштата во Тунис поврзани со ФЕТО и нивното предавање на Фондацијата Маариф на Турција.“



Слични вести