Порака со честитка од претседателот Ердоган до христијанските граѓани по повод Божиќните празници

Претседателот Ердоган објави порака по повод претстојните Божиќни празници во која им честита на граѓаните од христијанска вероисповед

1112181
Порака со честитка од претседателот Ердоган до христијанските граѓани по повод Божиќните празници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  објави порака во која им ги честита претстојните Божиќни празници на граѓаните од христијанска вероисповед.

Ердоган во својата порака со честитка напиша: „Согласно вредностите на цивилизацијата чии сте припадници, онака како што го негувавме и покажувавме максимална претпазливост кон принципот да не правиме разлика меѓу луѓето според нивното потекло и расната, верската, јазичната и секташката припадност, како низ историјата, така и денеска, ние му придаваме големо значење на тоа сите наши граѓани слободно да ја негуваат и живеат својата сопствена култура, религија и традиција.“  

Претседателот Ердоган истакна дека Турција верува оти на овие територии (географија) на кои различните култури и традиции живееле заедно низ вековите, третирајќи ги притоа разликите како богатство и земајќи ги за основа взаемното почитување, правдата и слободата на религијата и богослужбата т.ј. верувањето, уште повеќе го зајакнуваат единството и заедништвото (соживотот).

„Божиќните празници кои што ги слават нашите христијански сограѓани во согласност со нивното верување, посакувам да станат повод за развој на атмосферата на солидарност и взаемно почитување. Му ги честитам Божиќните празници на целиот христијански свет, а пред се на нашите христијански сограѓани.“ напиша претседателот Ердоган во својата порака.

 

 



Слични вести