Ердоган: Сириските Курди нема да ги оставиме на зулумот на терористичката организација ЈПГ/ПКК

Претседателот Ердоган истакна дека Турција нема да ги остави сириските Курди на зулумот на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и рече: „Прашањето во Сирија е прашање на слободата, прашање на територијалниот интегритет на Сирија“

1112797
Ердоган: Сириските Курди нема да ги оставиме на зулумот на терористичката организација ЈПГ/ПКК

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на церемонијата на вработување во државните установи на хендикепираните граѓани и младите кои биле под државна заштита што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“, во претседателската палата, во Бештепе, во Анкара.

Ердоган во својот говор меѓу другото се осврна и на евентуалната операција на Турските вооружени сили (ТВС) заедно и со Слободната сириска армија (ССА) врз целите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.

Велејќи дека Турција нема да ги остави сириските Курди на зулумот на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, Ердоган рече: „Прашањето во Сирија е прашање на слободата, прашање на територијалниот интегритет на Сирија.“

Претседателот Ердоган напомена дека единствената причина за зулумот што се доживува денеска во Сирија е тоа што народот во оваа земја е целосно распарчен.

„Истата состојба се однесува и на Ирак и на Јемен. Се однесува и на Либија, Сомалија и на другите географии во крв и солзи. Се додека причината не ја бараме меѓу нас, не можеме да ја промениме оваа слика. Зошто ние се наоѓаме во Сирија? За враќање на слободите на нашите арапски бараќа, на нашите курдски браќа. Онака како што сириските Арапи не ги оставивме во рацете на ДЕАШ, на ист начин и сириските Курди нема да ги оставиме на зулумот на ПКК/ПЈД.“ - рече Ердоган.

Нагласувајќи дека меѓу 4'те милиони Сиријци кои го продолжуваат својот живот во Турција постои етничка разновидност, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Досега се вратија во своите домови приближно 300 илјади Сиријци. Тие само се вратија во подрачјето во кое Турција ја воспостави безбедноста. На ист начин ќе биде доведено во безбедна состојба подрачјето на Синџар (Ирак). Прашањето во Сирија не е прашање на Арапите, Курдите, Туркменците, тоа е прашање на слободата. Тоа е прашање на територијалниот интегритет на Сирија.“

 



Слични вести