Претседателот Ердоган: Не постои никаква смртна моќ која ќе го сопре возвишувањето на нашата земја

Претседателот Ердоган истакна дека не постои никаква смртна моќ која ќе го сопре возвишувањето на Турција која исто колку во дипломатијата и хуманитарната помош се повеќе го прочујува својот глас и во трговската (економската) дипломатија

1112130
Претседателот Ердоган: Не постои никаква смртна моќ која ќе го сопре возвишувањето на нашата земја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Истанбул говореше на Финансискиот генерален совет за 2018 година на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК).

Ердоган истакна дека не постои никаква смртна моќ која ќе го сопре возвишувањето (подемот) на Турција.

Велејќи дека во 2002 година кога неговата партија дојде на власт извозот на Турција изнесуваше 36 милијарди долари, а сега е зголемен на 170 милијарди долари, претседателот Ердоган рече: „Со законските регулативи кои што ги ставивме во примена на 8 илјади 582 наши извозници им обезбедивме можност да добијат зелен пасош и го отворивме нивниот пат за патување без виза во голем број земји.“

Ердоган напомена дека Турција исто колку во дипломатијата и хуманитарната помош се повеќе го прочујува својот глас и во трговската (економската) дипломатија.

Тој истакна дека 2019 година ќе биде различна и рече: „Се додека не ги доближиме песимизмот до нашата врата, не постои никаква смртна моќ која ќе го сопре возвишувањето на нашата земја.“

Осврнувајќи се и на цунамито што ја погоди Индонезија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „По овој повод од овде го изразувам нашето сочувство како турски народ до индонезискиот народ.“

 



Слични вести