Претседателот Ердоган добитник на наградата "Глобална муслиманска личност за 2018 година"

Нигерискиот весник "Muslim News Nigeria" наградата "Глобална муслиманска личност за 2018 година" му ја додели на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1111968
Претседателот Ердоган добитник на наградата "Глобална муслиманска личност за 2018 година"

На претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му е доделена наградата "Глобална муслиманска личност за 2018 година", а поради  неговото влијание и силата како лидер во исламскиот свет и меѓународната заедница.

Рашид Ебубекир, уредникот на весникот "Muslim News Nigeria" кој се објавува во Нигерија во дадената изјава рече: "Наградата 'Глобална муслиманска личност за 2018 година' му ја доделивме на претседателот на Турција Ердоган поради неговото недискутабилно влијание и силата и во исламскиот свет и во меѓународната заедница."

Привлекувајќи внимание дека претседателот Ердоган секогаш стои покрај угнетените, Рашид Ебубекир рече: "Додека во последно време арапските земји вклучувајќи ја и Саудиска Арабија остануваат безгласни пред убивањето на Палестинците од страна на Израел, претседателот Ердоган стана лидер кој го повишува својот глас против Израел."

Ебубекир воедно укажа дека Ердоган секогаш стои и покрај Турците Ујгури и Муслиманите од Аракан.

Тој рече: "Претседателот Ердоган ужива голема поддршка и меѓу Муслиманите во Нигерија."

Рашид Ебубекир упати и повик до муслиманските лидери заедно да вложуваат поголеми напори против проблемите во исламскиот свет.

Од друга страна, нигерискиот весник "Muslim News Nigeria" после претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на второ место го прикажа катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, а на трето место малезискиот премиер Махатхир Мухамед.

Инаку, весникот "Muslim News Nigeria" кој се објавува два пати месечно на своите страници објавува вести од исламскиот свет, а на чело со оние за Муслиманите во Нигерија.

 



Слични вести