Остра реакција од Анкара на изјавите на израелскиот премиер Нетанјаху против претседателот Ердоган

Од страна на портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин и портпаролот на владејачката АК Партијата Омер Челик пристигнаа остри реакции на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени против претседателот Ердоган

1112124
Остра реакција од Анкара на изјавите на израелскиот премиер Нетанјаху против претседателот Ердоган
ibrahim kalin.jpg
omer celik.jpg

На изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку операциите на Турција врз сепаратистичко-терористичката организација ПКК пристигнаа остри реакции од Анкара.

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во својата објава што ја сподели на својата сметака на социјаната мрежа Твитер нагласи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно е вознемирен поради тоа што претседателот Ердоган ги изнесува силно вистините и повикува на согледување на вистините.

Калин напиша: „Нетанјаху кој е во неволја поради истрагите во неговата земја се обидува да го оттргне вниманието, но залудно. На никој начин не можат да ги прикријат политиките на Израел на окупација и вршење зулум, не можат да го змолчат нашиот претседател.“

Исто така и портпаролот на владејачката Партија за прадва и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Очигледно е тоа што Нетанјаху е вознемирен од операциите што ги реализираат турската армија и безбедносните сили против целите на (терористичката) ПКК.“

Велејќи дека Нетанјаху е многу вознемирен и ќе продолжи да биде вознемирен од предупредувањата кои што претседателот Ердоган ги изнесува во име на човештвото и во име на угнетените, Омер Челик рече: „Бенјамин Нетанјаху кој во истрагите кои што се водат против негов во Израел се обвинува за корупција и измама, се обидува да манипулира со меѓународната јавност. Бенјамин Нетанјаху мисли дека со нападите врз нашиот претседател и врз нашата армија ќе ги прикрие вистините.“

 

 



Слични вести