Мевлут Чавушоглу: Нетанјаху е ладнокрвен убиец на модерните времиња

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на зборовите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, реагираше со изјавата „Тој (Нетанјаху) е ладнокрвен убиец на модерните времиња“

1112114
Мевлут Чавушоглу: Нетанјаху е ладнокрвен убиец на модерните времиња

Реакција против зборовите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, пристигна и од министреот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу во врска со израелскиот премиер Нетанјаху рече: „Тој е ладнокрвен убиец на модерните времиња“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ги сподели и фотографиите на 16 годишното палестинско момче Февзи ал Џунејди кој беше приведен со врзани очи од страна на голем број израелски војници и на Фади Абу Салах кој на палестинскиот отпор учествуваше во својата инвалидска колична кога беше и убиен и стана шехид, а кои станаа симбол на отпорот за Ерусалим (Кудс).

Чавушоглу во својата објава што ја сподели на Твитер како реакција на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кои што ги упати против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша: „Веднаш се навредил окупаторот кој ги клоца луѓето кои лежат на земја. Нетанјаху кој ги бомбардира децата додека си играат на плажа е ладнокрвен убиец на модерните времиња и е одговорен за масакрот на илјадници недолжни Палестинци. Турција никогаш нема да се откаже од откривањето на вистината.“



Слични вести