Ердоган: Со Трамп постигнавме согласност за зголемување на координацијата, вклучувајќи ја и Сирија

Претседателот Ердоган во објавата што ја сподели на својата сметка на Твитер истакна дека со американскиот претседател Доналд Трамп постигнале согласност по прашањето на зголемување на координацијата, вклучувајќи ги и случувањата во Сирија

1112150
Ердоган: Со Трамп постигнавме согласност за зголемување на координацијата, вклучувајќи ја и Сирија

Во однос на објавата на американскиот претседател Доналд Трамп што ја сподели пред кусо време на својата сметка на социјалната мрежа Твитер пристигна соопштение и од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган исто така во објавата што ја сподели на својата сметка на Твитер истакна дека со американскиот претседател Доналд Трамп постигнале согласност по прашањето на зголемување на координацијата, вклучувајќи ги и случувањата во Сирија.

Ердоган во својата објава напиша: „Со Трамп постигнавме согласност по прашањето на зглемување на координацијата во однос на безброј теми од нашите билатерални односи до случувањата во Сирија.“

Претседателот Ердоган истакна дека му ја нагласил на Трамп спремноста на Турција да им ја даде секој вид помош на САД во Сирија, а воедно посакал остварениот телефонски разговор да биде ајирлија, да послужи за добро, за двете земји и за регионот.

Ердоган со посредство на Трамп им ја честитал и новата година на сите граѓани на САД.

 



Слични вести