Од Ердоган до младите: Визиите на Турција за 2053 и 2071 година ви ги оставам во аманет

Претседателот Ердоган во своето обраќање до младите рече: "Со спокојно срце ви ја оставам во аманет вам младите задачата за оформирање и ставање во примена на визиите на Турција за 2053 и 2071 година

1111799
Од Ердоган до младите: Визиите на Турција за 2053 и 2071 година ви ги оставам во аманет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на третиот редовен Генерален совет на Младинската фондација на Турција (ТУГВА) во Истанбул им достави совети на младите.

Обраќајќи им се на младите, Ердоган рече: "Со спокојно срце ви ја оставам во аманет вам (младите) задачата за оформирање и ставање во примена на визиите на Турција за 2053 и 2071 година."

Тој истакна дека секој оној кој запаѓа во неволја и чија животна и имотна безбодност се во опасност во нашата географија и пошироко, својот поглед го свртува кон Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека додека најбогатите земји во светот кон мигрантите гледаат како на лепрозни Турција ја споделува својата софра со нив.



Слични вести