Хулуси Акар: Секој треба да стои далеку од провокација, во спротивно цената за тоа ќе биде тешка

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека не треба да се зголемува тензијата во Егејското Море, Медитеранот и Кипар и рече: "Секој треба да стои далеку од провокација, во спротивно треба да знае дека цената за тоа ќе биде тешка"

1111793
Хулуси Акар: Секој треба да стои далеку од провокација, во спротивно цената за тоа ќе биде тешка
akar afganistan.jpg
akar afganistan3.jpg
akar afganistan.jpg
akar afganistan1.jpg
akar afganistan2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по остварените посети на Катар и Пакистан отпатува во посета на Авганистан.

Прва адреса од посетата на Акар на Кабул беше Командата на турската воена мисија во Авганистан.

Министерот Акар беше информиран во врска со овдешните активности, а потоа се состана со војниците на ручек.

Велејќи дека не треба да се зголемува тензијата во Егејското и Средоземното Море, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: "Секој треба да стои далеку од провокација, во спротивно треба да знае дека цената за тоа ќе биде тешка."

Акар му честита на персоналот кој со начајните и успешните задачи кои што ги реализира со гордост ја претставува Турција, а исто така привлече внимание дека во последно време доаѓа до значајни случувања во опкружувањето на Турција и истите тие со секој поминат ден се променуваат.

Хулуси Акар напомена дека продолжува без прекин борбата против терористичките организации како ФЕТО, ПКК/ЈПГ/ПЈД и ДЕАШ и дека оваа борба ќе продолжи се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.

Привлекувајќи внимание на присуството на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар потсети на реализираните воздушни операции врз терористичките цели во областите на планините Синџар и Караџак (Карачок).

"Онака како што на никој начин не го дозволуваме терористичкиот коридор во северниот дел на Сирија, на ист начин не станува збор никако да дозволиме и Синџар на било кој начин да стане втор Кандил." - рече Акар.

Тој подвлече дека не станува збор Турција на вило кој начин да отстапи од своите права и рече: "Повторно и повторно истакнавме дека нема да дозволиме да дојде до било каква состојба на свршен чин против државата Република Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Егејското Море, Медитеранот и Кипар, и исто така дека нема шанса да опстои и да биде валидна ниту една одлука во која нема да не има нас, и ниту една мерка што ќе се преземе без нас. Ние сме на страната на добрососедството, пријателството, мирот и стабилноста. Сме за живот во мир, спокојство и просперитет на луѓето кои живеат овде. Меѓутоа и вон тоа секој треба да знае дека никако, без оглед на се, апсолутно нема да остапиме од нашите права, треба да си го збере својот памет, да стои далеку од провокација и дека во спротивно цената за тоа ќе биде тешка. Ние располагаме со секој вид мерка, претпазливост и спремност по ова прашање."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на својата посета на Авганистан се состана и со некои странски војници на задача во Кабул, а потоа премина во авганистанското министерство за одбрана.

Овде Акар беше пречекан со воена церемонија и се потпиша во спомен книгата.

Хулуси Акар се состана со авганистанскиот министер за одбрана Тарик Шах Бахрами а потоа беше примен кај претседателот Ешреф Гани.

Акар воедно се состана и со првиот потпретседател на Авганистан Рашид Достум и потоа ја заокружи оваа  своја  посета и се врати во земјата.

 



Слични вести