Од Имран Хан до Хулуси Акар: Пакистан е восхитен од напредокот на Турција под водство на Ердоган

Пакистанскиот премиер Имран Хан го прими министерот за национална одбрана Хулуси Акар и во оваа пригода истакна дека неговата земја е восхитена од социо-економскиот напредок што го постигнува Турција под визионерското лидерство на претседателот Ердоган

1111515
Од Имран Хан до Хулуси Акар: Пакистан е восхитен од напредокот на Турција под водство на Ердоган

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на своите средби и разговори во Исламабад заедно со началникот на Генералштабот на Пакистан го посети министерството за одбрана.

Овде министерот Акар се состана со својот пакистански колега министерот за одбрана Первез Хатак.

Потоа министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја посети владата каде што беше примен кај пакистанскиот премиер Имран Хан.

Според веста на пакистанскиот весник „The Nation“, пакистанскиот премиер Имран Хан за време на приемот правејќи проценка на односите помеѓу Пакистан и Турција истакна дека неговата земја е восхитена од социо-економскиот напредок што го постигнува Турција под водство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Хан нагласи дека неговата земја им придава  големо значење на односите со Турција.

"Ние сме восхитени од социо-економскиот напредок што го постигнува Турција под визионерското лидерство на претседателот (Реџеп Тајјип) Ердоган." - рече Имран Хан.

Велејќи дека пакистанскиот народ има голема почит кон претседателот Ердоган, Хан го изнесе задоволството од развојот на односите помеѓу двете земји.

Пакистанскиот премиер Имран Хан подвлече дека посакуваат да ја зголемат соработката со Турција во секоја сфера од заеднички интерес како што се трговијата и одбраната.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар му честита на Хан за премиерската функција која што почна да ја извршува и му ги достави поздравите на претседателот Ердоган.

Акар истакна дека очекува пакистанскиот премиер Имран Хан да допатува во посета на Турција и дека оваа посета на Хан ќе им придаде интензитет на постоечките односите помеѓу двете земји, а воедно рече дека го цени ставот што го презентира Пакистан во борбата против тероризмот.

На средбата помеѓу Имран Хан и Акар беше разговарано и за регионални прашања.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар потоа беше примен и кај пакистанскиот претседател Ариф Алви во неговата канцеларија.

На приемот присуствуваше и амбасадорот на Турција во Исламабад Ихсан Мустафа Јурдакул.

 



Слични вести