Чавушоглу: Ја дочекуваме со задоволство одлуката на САД за повлекување на своите војници од Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ја дочекува за задоволство одлуката на САД за повлекување на своите војници од Сирија и дека во процесот на повлекување е значајна координацијата

1111307
Чавушоглу: Ја дочекуваме со задоволство одлуката на САД за повлекување на своите војници од Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Малта истакна дека Турција ја дочекува за задоволство одлуката на САД за повлекување на своите војници од Сирија.

Чавушоглу напомена дека во процесот на повлекување е значајна координацијата и дека не треба да се дозволи притоа да биде создадена празнина во Сирија.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека Турција е на страната на территоријалниот интегритет на Сирија и рече: „Долго време како водиме борба против терористичката организација ДЕАШ, веќе мислиме дека е поразена. По прашањето на повлекувањето на САД е потребна координација.“

Велејќи „Ги предупредивме САД да не се води борба против ДЕАШ користејќи една друга терористичка организација“, Чевушоглу истакна дека не треба да им се отстапи простор за делување на било кој начин во Сирија на елементите како што е сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека по оваа точка треба да се фокусира на политичкиот процес во Сирија и го додаде следното: „Состанокот што ќе го одржи Уставната комисија за Сирија во почетокот на 2019 година ќе биде значајна за политичкото решение.“



Слични вести