Чавушоглу разговараше телефонски со Помпео за одлуката на САД за повлекување од Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со одлуката на САД за повлекување од Сирија

1110249
Чавушоглу разговараше телефонски со Помпео за одлуката на САД за повлекување од Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео чија земја соопшти дека ќе ги повлече своите воени единици од Сирија.

Во разговорот стана збор особено за прашањето во врска со одлуката на САД за повлекување од Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението кое што го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Го победивме ДЕАШ, единствената причина поради која за време на мојот претседателски мандат се наоѓавме во Сирија.“

Воедно и портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс го истакна следното: „Заедно со тоа што влегуваме во нова фаза во борбата против ДЕАШ, почнавме да ги повлекуваме американските војници во земјата.“

Во вестите кои што се објавуваат во американските медиуми ослонувајќи се на функционери на американскиот Стејт департмент пак, се тврди дека американскиот државен секретаријат целиот свој персонал ќе го повлече од Сирија во рок од 24 часа, а американските војници ќе бидат повлечени од оваа земја во рок од 60 до 100 дена.

Од друга страна, функционери на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) во врска со одлуката за повлекување соопштија дека „ќе продолжи да се работи со локалните партнери“.    

Наспроти сиве овие случувања се уште се чека да се даде одговор и на прашањата во однос на календарот за повлекување на военото присуство на САД од Сирија, дали САД ќе ги повлечат сите свои елементи, на кој начин ќе продолжат да работат со терористичката организација ЈПГ/ПКК и кога и како ќе го соберат оружјето кое што и го доставија на оваа терористичка организација, а како што претходно и беа ветиле на Турција.

 



Слични вести