Песков: Продажбата на Патриот на Турција од страна на САД не е поврзана со продажбата на С-400
„Процесот на продажба на противвоздушниот и противракетен систем „Патриот“ на Турција од страна на САД не е поврзан со процесот на продажба на руските противвоздушно одбранбени ракетни системи С-400“, - рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков

Портпаролот на Кремљ (Државниот дворец на Русија) Дмитриј Пексов истакна дека одобрувањето на продажбата на противвоздушниот и противракетен систем „Патриот“ на Турција од страна на САД не е поврзано со процесот на продажба на руските ракетни системи С-400 и дека продолжува да важи постоечкиот договор.
Привлекувајќи внимание дека процесот на продажба на противвоздушниот и противракетен систем „Патриот“ на Турција од страна на САД не е поврзан со процесот на продажба на руските противвоздушно одбранбени ракетни системи С-400, Песков рече: „Моментално ги имплементираме договорите кои што ги склучивме со нашите турски колеги. Знаете дека проектот и договорот на С-400 е во фаза на имплементација и тоа ќе продолжи.“
Пексов истакна дека нема да ги открие информациите во врска со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 кои што и се продадени на Турција и нагласи дека постојат законски обврски по прашањето на несподелување на чувствителните информации во воено-техничката соработка што Русија ја реализира со другите земји.
„Не гледаме одредена причина за да немаме доверба во нашите турски партнери.“ - рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) ја одобри продажбата на противвоздушниот и противракетен систем „Патриот“ на Турција во износ од 3,5 милијарди долари.
Слични вести
