Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Катар
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на аеродромот во Доха беше пречекан од страна на командантот на воздушните сили на Катар генерал-мајор Мубарек Мухамед Ал Куваит Ал Кајарин, амбасадорот на Турција во Доха Фикрет Озер и други функционери

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар отпатува во официјална посета на Катар каде што учествуваше на церемониите на прославување на Националниот ден на Катар чиј домаќин беше катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.
Хулуси Акар на аеродромот во главниот град Доха беше пречекан од страна на командантот на воздушните сили на Катар генерал-мајор Мубарек Мухамед Ал Куваит Ал Кајарин, амбасадорот на Турција во Доха Фикрет Озер и други функционери.
Овде министерот Акар беше пречекан со воена церемонија и оттука замина на просторот на церемонии Корниче на крајбрежјето на Доха каде што се одржаа прославите на Националниот ден на Катар.
Церемониите започнаа откако катарскиот емир Шеикот Тамам бин Хамад Ал Тани го зазеде своето место на просторот на церемонии.
Најпрвин просторот на одржување на церемониите го надлетаа авиони на Командата на катарските воздушни сили
Потоа церемониите продолжија со парадата на копнените и поморските сили.
На церемониите учествуваа и оклопните возила и вооружени системи кои што Катарските вооружени сили ги купија од компаниите на турската одбранбена индустрија, а настапи и воениот оркестар Мехтеран на Турските вооружени сили (ТВС).