Ердоган: Културата и уметноста не прифаќаат униформизам и наметнување

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на доделување на Големите претседателски награди за култура и уметност за 2018 година истакна дека културата и уметноста не прифаќаат униформизам и наметнување

1110023
Ердоган: Културата и уметноста не прифаќаат униформизам и наметнување
Cumhurbaşkanlığı Büyük kültür ve sanat ödülleri  2018 2.jpg
Cumhurbaşkanlığı Büyük Kültür Sanat Ödülleri 2018 Tören 3.jpg
Cumhurbaşkanlığı Büyük Kültür Sanat Ödülleri 2018 Tören 4.jpg
Cumhurbaşkanlığı Büyük Kültür Sanat Ödülleri 2018 Tören 5.jpg
Cumhurbaşkanlığı Büyük Kültür Sanat Ödülleri 2018 Tören 6.jpg
Cumhurbaşkanlığı Büyük Kültür Sanat Ödülleri 2018 Tören 7.jpg

На церемонијата што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара свечено им беа доделени наградите на добитниците на Големите претседателски награди за култура и уметност за 2018 година.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа пред присутните на церемонијата истакна дека културата и уметноста не прифаќаат униформизам и наметнување.

Ердоган рече: „Работата што ја врши лице кое ги омаловажува светите работи на општествата и се обидува да ги затапува по нарачка, не претставуваат култура и уметност.“

Велејќи „Животот и делата на Мехмет Акиф Ерсој (авторот на турската национална химна) претставуваат награда која што му е доделена на нашиот народ“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно соопшти дека куќата во која живеел Мехмет Акиф Ерсој на враќање од Египет во квартот Бејоглу во Истанбул ќе биде преуредена во музеј.

Добитници на годинашните Големи претседателски награди за култура и уметност во сферата на историјата и социјалните науки е Мехмет Ипширли, во сферата на кинематографијата Туркер Инаноглу, во музиката Ерол Сајан, во сферата на уметноста и фотографијата Иззет Керибар.

Наградата за верност пак, му е доделена на поетот и автор на турската национална химна, покојниот Мехмет Акиф Ерсој.



Слични вести